“ХАМАС НЕ УБИ 1.400 ЛУЃЕ ВО МАСАКАРОТ НА 7. ОКТОМВРИ“ – Израел ја промени бројката на загинати во нападите од минатиот месец !?

Израел го ревидира бројот на загинати од минатомесечните напади на Хамас на околу 1.200, потврди портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиор Хајат.

Ревидираната бројка, помала од претходната бројка од 1.400, се должи на фактот дека имаше многу тела кои не се идентификувани и сега мислиме дека им припаѓаат на терористи… а не на израелски жртви“, вели Лиор Хајат.

Околу 1.200 е официјалната бројка на жртви од масакрот на 7. октомври“, потврди тој.

Бројот на загинати, кој вклучува странци, не е конечниот број. Тоа е ажурирана проценка. Може да се промени кога ќе се идентификуваат телата“, порачува Лиор Хајат.