Хамас објави шокантна листа од 7.028 убиени од Израел: Првите 88 имиња припаѓаат на исто семејство! (ВИДЕО)
За жал, на списокот му нема крај
Министерството за здравство на Газа објави список со имиња на 7.028 лица за кои вели дека се убиени од почетокот на израелското бомбардирање на Појасот Газа на 7 октомври, вклучувајќи 2.665 деца.
Документот од 212 страници ги содржи имињата и возраста на секоја жртва и вклучува 6.747 регистрирани имиња и 281 неидентификувани тела, главно деца.
Според одредени информации, првите 88 имиња припаѓаат на исто семејство, а се гледа дека загинале и 72 члена од друго семејство.
Документот вклучува дневен преглед кој покажува постојана ескалација на бројот на убиените , од 256, колку што беше објавено на 7 октомври, на 481, како што беше објавено на 25 октомври.
Бројот на загинати надмина 600 за три дена, а најголем број на убиени во еден ден има на 24 октомври кога загинаа 756 лица.
Хамас го објави списокот како одговор на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој во средата фрли сомнеж врз бројките на Министерството за убиените Палестинци.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер изјави дека Вашингтон не му верува на Хамас.
– Во моментов немаме начин да утврдиме точно колку цивили загинале во Газа. Но, ние сме скептични кога станува збор за тоа што го декларира Хамас – рече тој.
Омар Шакир, директор на Хјуман рајтс воч (ХРВ) за Израел и Палестина, рече дека бројките од Министерството за здравство во Газа се веродостојни.
– ХРВ работи на окупираните палестински територии веќе три децении. Следевме бројни ескалации и непријателства и секогаш можевме да видиме дека бројките на Министерството за здравство се генерално сигурни – рече тој.
Коментирајќи ја изјавата на Бајден дека не им верува на бројките изнесени од Хамас, портпаролот на Белата куќа Џон Кирби рече: „Не би го оспориле тоа“. Сепак, тој додаде дека американската администрација се уште не им верува на палестинските тврдења.