ХАМАС ОБЈАВИ ШОКАНТНО ВИДЕО Вака прават смртоносни ракети за да го нападнат Израел

Методите со кои Хамас произведува смртоносни ракети, кои од саботата ги гаѓаат областите на Израел, ги претстави палестинската организација во видеото што денеска го објави Хамас.

На видеото се гледаат членови на организацијата како копаат водоводни цевки од земја и ги обработуваат за да ги користат како основа за ракети.

Во исто време, тие истражуваат и потонати бродови, извлекувајќи секакви остатоци од метал што би им помогнале во производството на оружје.

Европската унија финансиски ја поддржа изградбата на водоводни цевки во Појасот Газа, а тие цевки наводно биле користени од Хамас за производство на ракети со кои го нападнаа Израел во саботата на 7 октомври, пишува британски „Телеграф“.

Европската унија испрати близу 100 милиони евра за изградба на модерен водовод.

Главната ракета што ја користи Хамас е ракетата Касам, која е направена од индустриски цевки, импровизирано ракетно гориво од шеќер и ѓубриво од калиум нитрат и комерцијални експлозиви. Кога започна војната во Израел, Хамас истрела дури 5.000 ракети од Појасот Газа.

„Телеграф“ не може самостојно да потврди кои ракети биле употребени во нападот во саботата, но се сомнева дека употребеното оружје било оружје што Западот го испратил во Појасот Газа како помош за таа држава.