Палестинската група Хамас денеска соопшти дека ослободила Американка и нејзината ќерка кои биле заложници во Газа по нападот на исламистите врз Израел на 7 октомври.
Воениот портпарол на групата во соопштение нагласи дека заложниците се ослободени „врз хуманитарна основа како резултат на посредништвото на Катар“.
Медиуми во Тел Авив цитираат израелски официјални лица кои појаснуваат дека одлуката на Хамас за ослободување на заложниците била направена еднострано и дека Ерусалим не понудил ништо во замена.