Хамас сериски ги малтретирал киднапираните деца

Портпаролот на израелската влада Ејлон Леви вели дека семејствата на заложниците раскажувале ужасни приказни за нивното заробеништво.

„Децата беа сериски малтретирани“, изјави Леви.

Тој ја цитираше тетката на 12-годишното момче дека милитантите му се заканувале на нејзиниот внук со пиштоли додека тој плачел и бил принуден да гледа ужасни видеа од злосторствата на Хамас.

Леви додава дека една баба рекла дека киднаперите и се заканувале дека ќе ѝ ги убијат двата внука, на возраст од осум и 15 години, и им рекле дека никој не сака да се вратат дома во Израел.

„Не можам ни да почнам да замислувам колкав е психолошкиот ужас и терор низ кој поминаа“, рече тој.