ХАМАС СЕ СОГЛАСИ СО БАРАЊЕТО НА РУСИЈА: Ќе ослободиме осум руски државјани, заробениците ги третираме како гости
Затворениците ги третираме како гости, бараме луѓе од списокот и штом ги најдеме ќе ги ослободиме, без разлика на сложеноста на моменталната ситуација“, изјави за „РИА Новости“ член на Хамас.
Палестински Хамас се согласи да ослободи осум лица од заробеништво, чие ослободување побара Руската Федерација, пренесува денеска РИА Новости, повикувајќи се на неименуван член на политичкото биро на Хамас.
Членовите на Хамас, како што се наведува понатаму, во моментов работат на пронаоѓање на овие лица и уверуваат дека ќе го направат тоа што ќе го побара Русија, без оглед на моментално многу сложената ситуација.
„Од руското Министерство за надворешни работи добивме список на граѓани кои имаат двојно државјанство. На тој список се однесуваме многу внимателно бидејќи ја гледаме Русија како наш најблизок пријател. Со лицата кои се фатени и кои сега се во Газа ги третираме како гости.„Во моментов бараме лица од списокот и штом ги најдеме ќе ги ослободиме, без разлика на сложеноста на моменталната ситуација“, вели соговорникот на „РИА Новости“.
Да потсетиме, членовите на Хамас претходните денови разговараа во Москва со руски претставници, а беше објавена и веста дека во наредниот период може да се организира средба меѓу рускиот и палестинскиот лидер.
Официјалниот став на Москва е дека осудува секаков вид тероризам, го признава правото на Израел да се брани, но не поддржува напади врз цивили и тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа. Руските власти речиси секојдневно нагласуваат дека решението може да се најде во формирање на палестинска држава, односно спроведување на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации, повикувајќи на прекин на огнот и враќање на преговорите.