Хамас со порака до семејствата на израелските заробеници дека нивната судбина ќе биде позната денес

– Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, им се обрати на семејствата на Израелците кои се заложници во Газа од вечерта по нападот на 7 октомври.

Ал-Касам сподели видео на кое се гледаат некои од заложниците како праќаат пораки до израелската Влада, барајќи прекин на војната и нивно враќање кај семејствата.

Видеото завршува со порака на Бригадите Ал-Касам: „Во понеделник ќе ве известиме за нивната судбина. Вашата Влада лаже.“

Вчера Хамас објави дека не е непозната судбината на многу израелски заложници што ги држи групата додека трае израелската смртоносна офанзива на Појасот Газа.

„Многу заложници веројатно се убиени, а останатите се во непосредна опасност секој час“, рече Абу Убеида, портпарол на вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, во говорот по повод 100 дена откако Израел го започна нападот врз Појасот Газа.

Се верува дека Хамас држи 136 Израелци по неговиот прекуграничен напад на 7 октомври.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Во израелските напади досега загинаа најмалку 23.968 Палестинци, а ранети се 60.582.

Според податоците на Обединетите нации, 85 отсто од населението во Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.