ХАОС ВО ИТАЛИЈА! На Сицилија беснеат 55 пожари, невреме ја погоди Ломбардија! Загинаа 5 лица, меѓу кои и едно девојче
Пет лица, од кои едно девојче, ги загубија животите во екстремното време кое ја погоди Италија.
Девојка загинала кога дрво паднало врз нејзиниот шатор во извиднички камп во Валкамоника, во провинцијата Бреша. Три лица загинаа во пожарите кои се уште беснеат околу Палермо на Сицилија, а едно лице загина во пожар во областа Реџо Калабрија, јавува Анса.
Агенцијата додава дека италијанската влада денеска ќе донесе одлука за воведување вонредна состојба, поради невремето што ја зафати Ломбардија и пожарите кои беснеат на Сицилија, каде се активни 55 пожари и други јужни области.
„Би сакал да упатам апел до Брисел, во среда формално ќе го сториме тоа: европската флота на канадски бродови е апсолутно недоволна. Не можеме секогаш да молиме за повеќе возила. Треба да ја зајакнеме европската флота“, изјави министерот за цивилна заштита и поморска политика, Нело Мусумечи.
Тој додаде дека, пред подетална проценка на штетите предизвикани од временските неприлики, веќе може да има првични издвојувања за најитните интервенции.