ХАОС ВО КОСОВО! Експлозивна направа била фрлена под автомобилот на српски функционер

Продолжуваат тензиите во северниот дел на Косово каде што живее поголемиот дел од српското население.
Нешто по полноќ под автомобилот на Стеван Славковиќ е фрлена експлозивна направа во Горњи Корминјан, општина Косовска Каменица.

Во експлозијата автомобилот е оштетен, нема повредени.

Стеван Славковиќ е директор на здравствениот, социјалниот и образовниот сектор во општина Косовска Каменица.