Хаос во Полска: Незадоволни земјоделци фрлаа со јајца кон канцеларијата на Европската комисија (ФОТО)

Полските фармери запалија факели, фрлаа петарди и фрлаа јајца кон канцеларијата на Европската комисија во западниот град Вроцлав, протестирајќи против мерките на ЕУ за борба против климатските промени, зголемувањето на цените и, како што велат, нелојалната конкуренција, особено од Украина.

Портпаролката на градското собрание Моника Дубец изјави дека организаторите го прекинале протестот 15-тина минути по неговото започнување, пренесува Ројтерс.

Полска, земјоделци, протест

Според организаторите, на митингот имало околу 1.000 демонстранти и 500 трактори и други земјоделски возила.

Снимката од приватната ТВН24 покажува демонстранти како се движат низ улиците носејќи полски знамиња, транспаренти и факели.

Земјоделците се собраа пред седиштето на регионалната влада каде запалија голем оган.

Полските земјоделци планираат целосна блокада на сите гранични премини со Украина и голем протест во главниот град Варшава на 20 февруари.