ХАОС ВО ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО, ПОРАНЕШНИОТ ИЗРАЕЛСКИ ПРЕМИЕР „ПOЛУДЕ“ ПОРАДИ ПРАШАЊЕТО: „Тоа се чудовишта, силуваат ИСЕЧЕНИ ДЕЛОВИ НА ТЕЛОТО“ (ВИДЕО)

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет изјави за Sky News дека израелската војска била фокусирана на „искоренување на Хамас“, но интервјуто добило остар пресврт кога водителот прашал за можни цивилни жртви во Газа.

Во моментов, израелските сили се борат против „нацистите на Хамас“ во јужните градови, додаде Бенет, но „следниот чекор е да се оди во офанзива“.

„Станува збор за чудовишта кои силуваат отсечени делови од телото, киднапираат 85-годишни жени и двомесечни бебиња. Тоа не е непријател, тоа е чудовиште и така ќе се третира“, изјави поранешниот израелски премиер.

Тој покажа фотографија од израелско семејство „избришано“ од Хамас, велејќи дека Израел е „нација на лавови“ и дека сите воени единици се на „150 проценти регрутирање, секој Израелец сака да се бори и да ги убие овие терористи“.

„Ќе возвратиме како што не сте виделе досега“, додаде тој.

На прашањето како Израел ќе ги заштити палестинските цивили во Газа додека бомбардирањето продолжува, Бенет рече дека израелските одбранбени сили (ИДФ) „никогаш нема да ги таргетираат“ обичните луѓе.

Но, тој додаде:

„Ако Хамас одлучи да го убие сопствениот народ користејќи го како жив штит, тогаш Хамас ќе биде одговорен за убиството на тие Палестинци“.

Кога повторно го прашале за оваа тема, Бенет збеснал.

„Дали сериозно ќе продолжите да ме прашувате за палестинските цивили. Што ви е?… Срам да ви е ако продолжите со таа лажна приказна… Слушајте, господине, ако некој пука во вашите деца и се крие зад живите штитови, дали би возвратиле со оган или не?“, го прашал водителот на Sky News.