Пред клупата каде што седи Вучиќ дојде до туркање на претставници на позицијата и опозицијата.
За време на седницата на српскиот парламент, на која српскиот претседател Александар Вучиќ го образложува француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, претставниците на опозицијата од десничарскиот блок развирија голем транспарент на кој пишуваше „Не за капитулацијата. “. Пред клупата на која седи Вучиќ, во еден момент дошло до туркање на претставници на позицијата и опозицијата, пренесува N1 Србија.
По обраќањето на претставниците на опозицијата, Вучиќ ги изгубил нервите и почнал да им вика, пренесува Нова.рс.