Хаос во Јапонија! Морето целосно се повлече, започна евакуација на населението: Се очекува удар од цунами (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунами да ги погоди Филипините и Јапонија, пренесува Ројтерс. Американскиот географски институт процени дека земјотресот бил со јачина од 7,6 степени и длабочина од 32 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција PHIVOLCS соопшти дека брановите на цунами може да ги погодат Филипините и може да траат со часови. Јапонската телевизија НXК објави дека се очекува брановите на цунами високи до еден метар да стигнат до западниот брег на Јапонија. Во тек е евакуација.

Камерите го снимија моментот кога разорен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Филипините, предизвикувајќи предупредување за цунами.

– Според податоците со кои располагаме, се очекува брановите да достигнат висина од еден метар над нормалната плима, а предупредуваме дека во затворени заливи и теснец може да бидат и повисоки. Се очекува разорно цунами со височини на бранови опасни по живот – рекоа од Институт за сеизмологија.

При тој прв удар, кој беше регистриран на длабочина од само десет километри, сè почна да се тресе.

Граѓаните велат дека земјотресот бил долг и исклучително силен. Во некои делови од земјава снема струја, а сè уште се чекаат информации за штети и можни жртви.

Сега на социјалните мрежи кружат бројни видеа од тоа како изгледал моментот на земјотресот.

Едно видео покажува група млади луѓе кои седат во кафуле кога сè околу нив почнува да се ниша.

Второто видео кое го привлече вниманието на многумина, покажува како изгледал моментот на земјотресот во луксузен стан.

Имено, снимена е полна када во која некој чека да се бања во неа. Меѓутоа, кога почнал земјотресот, водата во кадата бранувала до тој степен што се почнало да се прелева по плочките.

По овој најсилен, разорен удар, следеа серија послаби, но многу силни земјотреси, од кои најсилниот беше 6,6 степени според Рихтеровата скала.