Kовачевски: Со одговорно лидерство сме се поблизу до вратите на Европската Унија

Со одговорно лидерство сме се поблизу до вратите на Европската Унија.

Берлинскиот процес, Отворениот Балкан и останатите регионални иницијативи се придобивка плус за граѓаните, а секоја од нив е чекор напред и чекор плус на нашиот европски пат.

Северна Македонија и Албанија развиваат традиционално пријателство и партнерство кое е за пример во регионот. Нашите две земји делат заедничка соработка на многу полиња, но и заеднички, европски вредности.

Нашиот единствен пат е европскиот и од тоа нема отстапување. Затоа што ЕУ е нашата единствена алтернатива.