Авионот на Маратон ерлајнс, авиокомпанијата која врши летови за Ер Србија, со 106 патници слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со дупка на трупот на авионот и оштетено крило, како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, пишува N1 Србија.
Авионот бил оштетен во неделата вечерта при полетување од белградскиот аеродром кога удрил во светлосен сигнал на крајот од пистата. Според неофицијални информации, причина за инцидентот е краткиот залет што пилотот го имал при полетувањето, така што немал доволно време порано да се одвои од пистата и да ги избегне семафорите.
Во ваква состојба, авионот кружел над Белград еден час пред конечно да слета. Поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена за да спречат пожар.
Ер Србија соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.