ХАОС НА АЕРОДРОМ Поплавени писти, авиони во вода, откажани летови… настана тотално лудило (ВИДЕО)

Невремето беше проследено со поплава и вода до колена.

Хаотични сцени се снимени вечерва на германскиот аеродром – Франкфурт , еден од најголемите и најпрометните во Европа, кој беше погоден од силно невреме проследено со поплави и вода до колена. Пистите се поплавени, авионите се во вода, а на терминалите се појави „езеро“ .

Големите поплави на аеродромот резултираа со огромни доцнења и откажувања на летови, предизвикувајќи хаос на аеродромот.

Откажани се најмалку 70 летови, јавува Ројтерс.

Претходната вечер во регионот наврнаа и до 60 литри дожд на метар квадратен.