УЖАСНО УБИСТВО НА МИЛИОНЕР: Телото пронајдено распарчено во тоалетна школка, на површина излезе мотивот за злосторството

Локалните медиуми објавија дека убиецот ја убил својата жртва со пила и го распарчил телото во бањата пред да исфрли некои делови во тоалетот.

Распарченото тело на магнат на криптовалути, наводно, е пронајдено во главниот град на Бугарија, Софија, пишува Newsweek.

Посмртните останки на Кристијан Пив (41), кој имал американско и бугарско државјанство, биле пронајдени натрупани во водоводот од тоалет кога биле повикани водоводџии да го исчистат блокираниот одвод, пренесува британски The Mirror.

Пив дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој е убиен во периодот од 8 до 9 август и дека убиецот е Веско Валчинов, со кого се запознал пред шест години. Локалните медиуми објавија дека убиецот ја убил својата жртва со пила и го распарчил телото во бањата пред да исфрли некои делови во тоалетот.

Уапсен е уште еден маж

Уапсен е уште еден човек, Константин Суботинов, кој наводно на полицијата и рекол дека му помогнал на убиецот да ги сокрие деловите од телото на жртвата возејќи ги во софиската населба Витоша, каде што бил уапсен Валчинов. Бугарските медиуми пишуваат дека Пив му помогнал на Валчинов со крипто инвестиции , што укажува дека убиството било мотивирано од пари. Newsweek го контактираше бугарското Министерство за внатрешни работи за дополнителни коментари.

Пив е вториот крипто милионер кој е пронајден мртов за еден месец. Деловите од телото на Фернандо Перез Алгаба беа пронајдени во црвен ковчег фрлен во Ingeniero Budge во Буенос Аирес на 23 јули, откако тој исчезна пет дена претходно.

Алгаба на својот Инстаграм профил го истакна екстравагантниот начин на живот финансиран од крипто-инвестиции. Во ковчегот што беше откриен се наоѓаа нозете на Алгаба и едната подлактица. Аргентинските медиуми објавија дека делови од телото се ампутирани, што укажува дека тоа е дело на професионалец. Обдукцијата покажа дека жртвата била застрелана три пати пред да биде распарчена.