Хаос на прославата на изборната победа во Турција: Балкон на кој беа функционерите на ЦХП падна врз приврзаниците пред седиштето на партијата (ВИДЕО)
Над 18 лица се повредени кога се урна балкон со приврзаници на Републиканската народна партија за време на прославата на победата на локалните избори во Турција!
Балкон се урна за време на прослава во југозападниот турски град Денизли.
На видеото се гледа како балконот попушта под тежината на функционерите на ЦХП, а потоа паѓа врз поддржувачите пред седиштето на партијата.
Медиумите јавуваат дека најмалку 18 лица се повредени.
Републиканската народна партија, главната опозициска партија во Турција, извојува големи победи на локалните избори во таа земја и ја задржа контролата над најголемиот град Истанбул и главниот град Анкара.
ЦХП ја победи владејачката партија АКП предводена од актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган во речиси сите поголеми градови.
Кандидатот за претседател на селскиот совет во турскиот град Елазиг, да потсетиме, почина од срцев удар откако ги загуби изборите по волја на ждрепката! Трагедијата се случи во селото Гунбаги откако досегашниот претседател на селскиот совет Мустафа Демир доби ист број гласови како неговиот противкандидат на изборите.