Хаос на Стража, снежните врнежи блокираат камиони и автомобили

Снежните врнежи предизвикаа хаос на некои патишта во Македонија.

Објавени се неколку снимки на патот кон Стража за кој се гледа дека е во тешка состојба.

Се гледа дека десетици камиони и автомобили се блокирани. Се гледа и дека улиците не се исчистени.

Од АМСМ велат дека забрана за движење на тешки возила има на следните патни правци: Кичово – Охрид, Гостивар – Стража, Гостивар – Маврово, Дибар – Маврово.

АМСМ предупредува и да се користи зимска опрема .