Хаос по вечното дерби: Звезда го демолираше Партизан, а Гробари својот тренер! Погледнете како се појави на прес конференцијата (Видео)

Црвена звезда го совлада Партизан во најголемото дерби на српскиот фудбал и тоа на гостински терен. На стадионот во Хумска славеа со 4:0, а хет-трик постигна центарфорот Шериф Ндиаје.

Ваквиот исход не им се допадна на најжестоките навивачи на Партизан, Гробари, кои збеснаа по натпреварот. Своето незадоволство тие го изразија со фрлање разни предмети кон играчите на теренот и тренерот Александар Станојевиќ, а потоа решија да направат чекор понатаму.

Тие се симнаа и во соблекувалната на својот тим и ги скршија стаклата на неа. Чашата го повреди тренерот на Партизан, кој на прес-конференцијата се појави со скршена глава. Незадоволните навивачи скандираа „Станоје, оди си“.


Со оваа победа Црвена Звезда продолжи да доминира во српската лига. Со натпревар помалку е на првото место со 22 бода. Сезонава има седум победи и само едно реми, додека Партизан продолжи со лоши резултати исто како и минатата сезона. Оваа сезона ја започна со три победи, два порази и едно реми, а со два натпревари помалку е на деветтото место.