ХАРИ КЕЈН СЕ “КАПЕ“ ВО ЛУКСУЗ – За една ноќ во хотел Баерн Минхен му плаќаат колку што еден просечен Македонец заработува за една година !?

Во еден од најголемите и најгласните трансфери летово, Хари Кејн го замени дресот на Тотенхем со дресот на баварскиот гигант Баерн Минхен.

Досега за Германците одигра 14 натпревари и постигна 17 гола, а забележа и седум асистенции и со тоа покажа дека Баварците не погрешиле со неговото доведување. Сепак, неговото доаѓање ги чини многу.

Баерн Минхен сметаше на трансфер цената и неговата плата, но веројатно не сметаа на тоа дека Англичанецот ќе си даде толку време да најде дом за живеење. Имено, од неговото пристигнување во Германија, Хари Кејн живее во луксузен хотел кој клубот го плаќа по 10.000 фунти дневно, а сумата која досега ја потрошил за хотелот надмина еден милион фунти.

За само еден ден троши 10.000 фунти или околу 11.500 евра, кои многу Македонци ги заработуваат за една година. „Vier Jahreszeiten Kempinski“ е познат како еден од најлуксузните и најскапите хотели во градот. Хари Кејн живее таму со неговата сопруга Кејти, а хотелот е во центарот на градот, кој е на околу 20 минути возење до „Алијанц Арената“.

Се верува дека апартманот на Хари Кејн се наоѓа во историскиот дел на хотелот, изграден во 1958 година, и има посебна дневна соба, две бањи од мермер, свилени завеси, дизајнерски мебел, шест телевизори и мноштво други луксузни додатоци.