Хари Кејн ќе потпише рекорден трансфер во Бундеслигата

 Капитенот на Англија, Хари Кејн денеска треба да биде потврден како најскапо засилување во историјата на Бундеслигата и да стане нов фудбалер на минхенски Баерн, јавија германските и англиските медиуми.

Според најавите, германскиот шампион ќе му плати на лондонскиот премиерлигаш обесштетување од 100 милиони евра, како и дополнителни 20 милиони евра во бонуси.

Англискиот репрезентативец ќе стави потпис на четиригодишен договор со Баерн и треба да заработува 25 милиони евра по сезона.

Кејн во дресот на Тотенхем одигра 435 натпревари на кои постигна 280 голови.