Почина момчето кое си пукаше во глава: Посегна по оружјето по расправија со девојка му

Во Ургентниот центар во Белград починал М.С.(22), кој во вторникот вечерта си пукал во глава.

Лекарот вчера во 11 часот констатирал смрт.

Неговото тело е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Како што е соопштено, тој во вторникот вечерта се скарал со девојката и влегол во собата и го зел пиштолот. Тој си пукал во глава.

Во тешка состојба бил примен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.