Русите имаат нов моќен дрон! Го праќаат BAS-200 на специјални воени операции, а ова се неговите карактеристики! ВИДЕО

Дрон-хеликоптер BAS-200 ќе се користи во специјална воена операција, а тестовите се веќе во тек, изјави директорот на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов на средбата со претседателот на Русија Владимир Путин.

– Мислам дека тоа е перспективен дрон-хеликоптер кој може да подигне товар од 50 килограми – рече тој.

Ќе се користи за доставување пошта во региони кои имаат многу тешка транспортна логистика.

Според Чемезов, раководството на Јакутија е подготвено да потпише договор со компанијата „Ростех“.

Претседателот на Русија му дал наредба на Чемезов да го зголеми производството на дронови „Lancet“ и „Kub“. Тој оцени дека овие дронови се многу ефикасни за уништување на странски оклопни возила.

BAS-200 за првпат беше претставен на јавноста на изложбата „МАКС-2021“.

Не е потребна писта за негово лансирање. Полетува вертикално од кое било место, од земја или транспортно возило. Може да лебди над земјата за да проучува и фотографира локации. Во автоматскиот режим, може да лета до четири часа со товар до 50 килограми.

Дрон-хеликоптерот под оптоварување може да прелета 430 километри.