Хари Потер ќе стане татко! Познатиот актер го чека своето прво дете

Поминаа 22 години откако актерите на ,,Хари Потер” се појавија во првиот филм како волшебници во светот на Хогвортс, а сега Даниел Редклиф ќе стане татко.

33-годишниот актер ја запознал својата девојка на снимањето на филмот на кој работеле и двајцата и вели дека тоа било љубов на прв поглед.

Даниел беше фотографиран со Ерин додека се шетаа низ Њујорк во петокот.

ПР-от на избраничката на Редклиф потврди дека таа и Даниел го очекуваат своето прво дете.

Редклиф е многу возбуден што ќе стане татко.

– Даниел е многу возбуден што ќе стане татко. Неговиот однос со Ерин е навистина посебен и сите мислат дека овие двајца ќе направат одлични родители. Досега не сакаа да зборуваат за тоа, но Ерин повеќе не може да го крие стомакот – рекол изворот на весникот Сан.

Двојката се запозна на крајот на 2012 година за време на снимањето на филмот Kill Your Darlings (2013), во кој и двајцата глумеа.