ХАРИ САКАЛ ДА НАПРАВИ ИНТЕРВЈУ СО ПУТИН И ТРАМП и да зборуваат за траумите од детството

Принцот Хари имал желба да ги интервјуира Владимир ПутинДоналд Трамп и Марк Закерберг и да поразговара со нив за нивното воспитување и детските трауми. Сѐ тоа требало да биде дел од неговиот поткаст, кој требаше да се емитува на музичката платформа Спотифај, пишува „Дејли мејл“.

Принцот ги споделил своите идеи за можни емисии со повеќе продуценти и продуцентски куќи и им рекол дека сака да разговара со контроверзните личности за нивното детство и да дознае како станале мажи какви што се денес.

Наводно, тој сакал да разговара и со папата Франциск, на тема – религија.

Овие информации ѝ станаа достапни на јавноста откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го раскинаа договорот со компанијата „Спотифај“. Овој договор бил вреден 15 милиони фунти.

„Спотифај“ и компанијата за аудио продукција „Арчевел аудио“, во сопственост на принцот Хари и Меган Маркл, објавија заедничка изјава во која рекоа дека „заемно се согласиле да се разделат и се горди на поткастот што го направиле заедно“.

Во муѓувреме, се појавија неколку шпекулации за причините за прекинот на соработката, а „Њујорк пост“ напиша дека еден од проблемите бил тоа што Маркл не ги водела нејзините поткасти и дека повеќето од нив биле лажни.

„Подњуз“ објави дека некои од интервјуата ги воделе членови на нејзиниот тим, а продукцијата потоа го снимала гласот на актерката, како таа ги поставува прашањата. Па, може да се каже дека Маркл не разговарала со многу од нејзините гости.

Наводно, проблемот лежи и во тоа што Маркл не создала доволно содржина за да добие целосна исплата на договорот од 20 милиони долари. Од нејзиниот тим велат дека поткастот „Archetypes“ ќе продолжи да се снима, но дека ќе биде поставен на друга платформа.