НЕВЕРОЈАТНО! Оваа девојка била ‘мртва’ 27 минути а потоа се вратила помеѓу живите – докторите останале целосно шокирани по нејзиното сведоштво: “Го видов Исус…“ (видео)

Се почести се приказните за тоа како некој успеал да се „врати од мртвите“, односно да бил клинички мртов извесно време, а потоа да оживеал, а таков е случајот и со Тина Хајнс.

Таа добила срцев удар во февруари 2018 година и покрај сите напори на нејзиниот сопруг Брајан да ја оживее, таа „почина“. На пат кон болницата, Тина шест пати била оживувана од докторите, а таа била „мртва“ вкупно 27 минути.

Меѓутоа, откако била пренесена во болницата, таа на крајот за чудо се разбудила. Откако се разбудила, веднаш побарала пенкало и хартија за да напише порака за своето семејство.

Тина напиша „точно е“ со едвај читлив ракопис. Кога ја прашале што и се случило, таа само ја покажала главата нагоре.

Беше толку реално, боите беа толку светли“, изјавила Тина за магазинот AZfamily.com.

Таа кажала дека видела фигура за која верувала дека е Исус, но ваквите искуства не се толку ретки.

Според студиите, иако повеќето луѓе не се сеќаваат на периодот во кој биле технички мртви, околу 10 до 20 проценти имаат некаква визуелна или сензорна епизода во тој период. И иако можеби изгледаат мистични, научниците се поблиску до откривање на вистината за тоа што се случува за време на овие блиски смртни искуства.

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген спроведоа студија на неколку лица во 2013 година. Според извештаите, бранот на активност во мозокот непосредно пред смртта е поголем отколку за време на најбудната, свесна состојба.

Многу луѓе мислеа дека мозокот по клиничката смрт е неактивен или хипоактивен, со помала активност отколку во будна состојба, а ние сакаме да докажеме дека тоа дефинитивно не е така“, изјавил водачот на истражувањето, д-р. Џимо Борџигин.

Ако нешто е точно, тоа е дека мозокот е многу поактивен за време на процесот на умирање отколку дури и кога е во будна состојба“, заклучил тој.

Девет лица биле следени додека умреле, а во периодот од 30 секунди откако срцето на луѓето престанало да чука, бил измерен скок на мозочните бранови со висока фреквенција. Дали искуството на Тина може да биде само резултат на високофреквентни мозочни бранови ? Можеби е, можеби не е. Прашањето е дали некогаш ќе дознаеме, останува да откријат научниците.