Убиен основачот на оперативниот систем Андроид – технолошкиот гигант брутално избоден во Сан Франциско

Технолошкиот експерт Боб Ли (43 г.), кој учествувал во креирањето на оперативниот систем Андроид, е убиен во вторникот.

Боб Ли (43 г.), експерт за технологија, беше убиен во вторникот. Тој учествувал и биле еден од креаторите на оперативниот систем Андроид но и во креирањето на и апликацијата CASH.

Тој е избоден во Сан Франциско во станбената област Ринкон Хил, пишува CNN.

Тој бил нападнат три часа по полноќ во вторникот, а полицијата го пронашла неговото тело со повеќе убодни рани во близина на облакодерот.

Според пријателите на Ли, тој бил во областа поради работа и решил да остане уште еден ден таму. За смртта на својот колега се огласи и сопственикот на Тесла и сопственик на социјалната мрежа Твитер Илон Маск.