Харченко: Зајакнувањето на соработката меѓу Србија и Русија сe позначајна во светот во кој се случуваат промени

 Рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Карченко изјави дека „во рамките на неповратните промени што се случуваат во светот, зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу Москва и Белград добива се поголемо значење“.

„Само таква, пријателска и еднаква соработка, која се заснова на доверба, почит и меѓусебно почитување на интересите, обезбедува услови за мирен, хармоничен развој на целото човештво во неговата цивилизациска различност, ни овозможува да ги зачуваме суверенитетот и независноста што ни се во аманет од генерацијата победници“, изјави Карченко.

Амбасадорот на Русија во авторскиот текст за денешното издание на „Политика“ по повод Денот на победата, оцени дека тој ден „останува силна алка“ во односите меѓу Русија и Србија.

„Нашите народи заедно се бореа за слобода, заедно се спротивставија на нацистичкиот агресор и заедно извојуваа победа“, напиша амбасадорот.