ХЕРОЈСТВО БЕЗ ГРАНИЦИ: Момче (15) и вработен во обезбедувањето спасиле повеќе од 150 луѓе за време на масакрот во Москва

Браво за овие луѓе!

Во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во Москва загинаа повеќе од 130 лица, а 140 беа ранети. Во тој невиден напад врз цивили, се појавија вистински херои кои не размислуваа за себе, туку им помагаа на загрозените. Меѓу нив има и 15-годишно момче и чувар. Успеале да спасат 150 луѓе чии животи биле во опасност.

– Подобро е да се умре во битка, отколку да се остават другите да умрат – рече 15-годишниот ученик Ислам, кој спаси повеќе од сто луѓе. Кога почнало пукањето, тој работел со скратено работно време во соблекувална. Тој правел сè според упатствата: успеал да ја насочи толпата која втрчувала во ќорсокак на вистинската патека и да ја одведе на безбедна улица.

Чуварот на Крокус, Алексеј Осанушков (47) не го напушти своето место и спаси десетици посетители, покажувајќи им каде да бегаат додека не наиде на група исплашени и вдишени луѓе од чад. Најпрво се сокриле во канцелариските соби долу, но набрзо чадот стигнал и таму. Сите беа во шок, на работ на паника, но Алексеј успеа да ги смири луѓето и да ги однесе на безбедно место, се наведува на Телеграм.