Хит во Австрија: Распродаден производ за јадење кој личи на лосос, но нема никаква врска со риба

Тоа што е направена алтернатива на риба од растителна основа не е нешто ново на светскиот пазар каде секојдневно се појавуваат иновативни вегански производи. Сепак, ретки се оние кои се произведуваат со помош на 3D печатач.

Австриската старт-ап компанија Revo Foods на пазарот објави производ со едноставно име The Fillet ( филе). Тоа е производ кој наликува на филе лосос, иако нема многу врска со таа риба . Поточно, тоа е алтернатива од растителна основа на лососот. Фактот дека Revo Foods создаде алтернатива од растителна основа на рибата не е нешто ново на светскиот пазар, каде секојдневно се појавуваат иновативни вегански производи. Сепак, ретки се оние кои се произведуваат со помош на 3D печатач. Растителна замена за стек лосос со 3D печатење има околу 9 грама протеини на 100 грама производ.

Направен е од микропротеин – протеин добиен од печурки, ги содржи сите 9 основни амино киселини, омега 3 масни киселини од растителни масла и масло од алги и витамини А, Б2, Б3, Б6, Б12 и Д2.

Производот е направен со помош на 3Д принтер и е целосно јадливПроизводот е направен со помош на 3Д принтер и е целосно јадлив

Производителите тврдат дека неговиот нутритивен профил наликува на парче лосос

Филето изгледа како парче лосос, неговата текстура е исто така исклучително слична на оваа риба, а може да се подготви на начинот на кој обично би подготвиле класичен лосос.

Во Филето нема шеќер, глутен или холестерол. За жал, го нема ни на пазарот. Производот беше распродаден за само неколку дена откако се појави на полиците на австриските продавници на 14 септември оваа година. Пакување од 130 грама се продавало по цена од 6,99 евра.