Холандија (ќе) го смени својот амбасадор во Македонија!?

Добро упатени дипломатски извори велат дека холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп. наскоро си заминува од Македонија.

Наскоро тој ќе ја напушти земјата и ќе се врати во Холандија, каде ќе се повлече од холандската дипломатија.

Амбасадорот Коп ќе биде заменет од Министерството за надворешни работи на Холандија со друг дипломат и овој предлог наводно веќе бил одобрен од официјално Скопје.