Холандија ќе остане без гас?

Ако Холандија продолжи да го експлоатира природниот гас со иста стапка како во 2022 година, нејзините резерви на гас ќе бидат исцрпени за помалку од девет години.

Ова денеска го соопшти Централниот завод за статистика на Холандија (CBS).

Холандија од своите гасни полиња минатата година извади 16,1 милијарди кубни метри гас, а на крајот на 2022 година на холандската почва останаа уште 142 милијарди кубни метри гас што може да се експлоатира, пишува NL Times.

Обемот на холандските резерви на природен гас дополнително се намали минатата година поради постепеното прекинување на активностите на гасното поле Гронинген, кое ќе биде затворено во октомври.

Големината на холандските резерви на природен гас се намали, но наглиот раст на цената на гасот на светскиот пазар минатата година значително ја зголеми нивната вредност, на 71 милијарда евра, се наведува во соопштението на CBS.

Се претпоставува дека вредноста на овие резерви сега повторно е намалена поради падот на цената на бензинот на берзите во текот на 2023 година.