Холандскиот параглајдерист е пренесен на лекување во Скопје

Денеска околу 17 часот и 50 минути, полициски службеници од Хеликоптерската единица, планинарска екипа и спасувачите од Полициското одделение за специјални операции – Тигри, успешно ја завршија акцијата за спасување на планината Галичица на холандски државјанин кој се здобил со тешки телесни повреди додека скокал со падобран на падините на планината Галичица од македонска страна.

Имено, на местото на несреќата во 17.00 часот со хеликоптер пристигнала планинарска екипа која го поправила и презела повредениот холандски државјанин Л.Ѓ.(35), кој претходно бил имобилизиран од екипа на Планинарската спасувачка служба на Крстот Кук. Охрид и во 17:15 часот хеликоптер на Полициската хеликоптерска единица го започнал транспортот кон Скопје.

Околу 18:00 часот хеликоптерот на МВР со повредениот слетал во Клиничкиот центар во Скопје и во координација со лекарите на клиниките бил префрлен во приватна медицинска установа за поспецијализирана лекарска помош.