Холивудскиот актер си ја отвори душата: „Јадев, живеев и спиев во чамец“

Роберт Патисон неодамна го дизајнираше својот прв тросед, а на прашањето за најлошото парче мебел што некогаш го поседувал, тој дал изненадувачки одговор.

“Порано имав само едно парче мебел. Шест месеци имав само чамец на надувување кој служеше како кауч, кревет и трпезариска маса. Многу го сакав, но ми создаваше многу проблеми со грбот”, призна.

Изгледа дека Патисон нема влакна на јазикот бидејќи отворено признал дека долго време не се грижел за личната хигиена, поради што имал големи проблеми за време на снимањето на „Самрак сагата“ што го прослави.

„Често носам капа/шапка затоа што имам толку многу остатоци во косата, не ја миев и немав чувство за лична хигиена. Дури и денес не можам да се справам со ситуации кога би требало да бидам секси момче, буквално ги молам луѓето во студиото да ми го отстранат првутот“, изјави Роберт и додаде дека дури во позрелите години решил сериозно да се посвети на грижата и хидратација, која ја смета за драстична животна промена.