ХОРОР ВО БЕРЛИН – Специјалци ставиле крај на заложничката драма во луксузниот кварт од градот: “Киднапираниот е неповреден, арамијата се самоуби!“

Германските специјални сили упаднаа во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг во Берлин за да стават крај на заложничката драма во раните утрински часови во вторникот, објави тамошната полиција на социјалната мрежа Твитер.

Насилникот се самоубил, а неговиот заложник е неповреден, соопшти полицијата.

Како што пишува фотографот на медиумската агенција dpa, заложникот кој бил држен со часови бил однесен во итната помош. Претходно една жена беше спасена „од опасната зона“, соопшти полицијата, а таа била полесно повредена.

Можам да потврдам дека операцијата е завршена“, изјавил портпаролот на полицијата за dpa рано наутро во вторникот, и додаде дека специјалци упаднале во продавницата нешто по 02:30 часот наутро.

Првите повици за грабеж во продавницата околу 17:30 часот по локално време во понеделникот предизвикале голема операција веднаш пред „Витенбергплац“, плоштад во луксузен кварт западно од центарот на градот каде што се наоѓаат големи продавници. Поради операцијата со часови сообраќајниот дел бил опколен и непристапен.