ХОРОР ВО БРАЗИЛ! Момче со нож ја убило својата учителка: Повреди уште пет лица во училиштето, на главата носел маска со череп
13-годишен ученик од основно училиште денес со нож ги нападнал своите наставници во јавното училиште во Сао Паоло, Бразил, при што уби еден и рани тројца, а исто така рани и двајца ученици, соопштија властите.
Петмината повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а осомничениот напаѓач е приведен од воената полиција, а сега е под истрага.
Убиената наставничка има 71 година. Минатата недела се обидела да го реши конфликтот меѓу напаѓачот и дру ученик, кога се степале.
„Тој го нарече другиот мајмун и стаорец, на него не му се допадна, па почнаа да се караат“, изјави за новинарите ученик кој учел во истиот клас со напаѓачот.
Според него, на напаѓачот не му се допаднало како интервенирала наставничката, па рекол дека ќе направи нешто околу тоа.
Напаѓачот денеска влегол на часот со маска со мотив на череп преку главата, па ја прободел наставничката одзади – во главата и во грбот, рекол неговиот соученик и додал дека тогаш сите почнале да бегаат.