ШОК! ПОРАНЕШНИОТ АНГЛИСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ИМАШЕ СРЦЕВ УДАР! Тоа се случи за време на трката, но тој сепак успеа да го истрча полумаратонот!

Поранешниот англиски фудбалер Карлтон Палмер доживеа срцев удар за време на полумаратонска трка и со тоа ја загрижи целата нација.

По трката, Палмер бил итно пренесен во болница и лекарите утврдиле дека доживеал мал срцев удар.

Палмер покажа каков борец е, бидејќи продолжи да трча по срцевиот удар и успеа да го истрча полумаратон.

Само да ви кажам дека сум добро. Бев задржан во текот на ноќта во болница за набљудување. Моето срце повторно се активира на првата милја, но успеав да ја завршам трката. Останав да ги направам тестовите, сакаат да знаат зошто доживеав срцев удар – напиша Палмер на Твитер.

Палмер зад себе има многу богата кариера. Неговите најдобри игри беа во Шефилд Венсдеј, за кој одигра 191 натпревар и го освои Лига купот пред 32 години.