ХОРОР ВО ДОМОТ НА ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР – Напаѓачите упаднале во неговиот дом, ја задавиле неговата тетка, па ја претепале мајка му
Познатиот мексикански фудбалер Родолфо Пизаро бил задавен од непознати напаѓачи откако упаднале во неговата куќа и потоа ги претепале мајка му и тетка му.
Родолфо Пизаро, кој моментално настапува за грчки АЕК и во кариерата забележа 38 настапи за мексиканската репрезентација, а кога се случило тоа тој не бил во својата татковина, а грозоморното злосторство ја шокираше тамошната јавност.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, 60-годишната Елизабет Томас Гонзалес, тетка на славниот фудбалер била претепана и задавена, додека мајката Лаура Томас де Пизаро била тешко повредена. Трагедијата се случила кога мајката и тетка му на Родолфо Пизаро во придружба на домашна помошничка отишле во куќата што и припаѓала на неговата тетка.
Кога мајката на Родолфо Пизаро влегла во куќата, затекнала страшна сцена, а напаѓачите панично ги претепале двете, додека куќната помошничка успеала да повика помош.
Полицијата брзо дошла на местото на настанот, како и екипа на Итната помош која констатирала смрт на несреќната Елизабет Томас Гонзалес.
Родолфо Пизаро на пошироката јавност и стана познат кога од Мајами го постигна првиот гол во историјата на Интер Мајами, а по доаѓањето на Лионел Меси мораше да го напушти клубот и да се пресели во АЕК Атина.