ХОРОР ВО ИТАЛИЈА – Силувани две девојчиња на возраст од 10 и 12 години: Италијанската полиција уапсила девет тинејџери, од кои едното ужасот го пренесувало во живо на Интернет
Италијанската полиција претходниот ден уапси девет млади момчиња за групно силување на две девојчиња на возраст од 10 и 12 години во градот Каивано кај Неапол.
Веста за силувањето на девојчињата, кои се братучетки, ја шокираше Италија кога прв пат беше објавена во август.
Силувањето се случило еден месец претходно, а групата мажи наводно неколку пати ги силувала девојчињата.
Засега нема информации како девојките се поврзани со напаѓачите, ниту пак е објавен нивниот идентитет.
Судијата за малолетници од Неапол во налогот за апсење пишува дека еден од деветмината уапсени снимил едно од силувањата и го емитувал во живо на Интернет.
Обвинителството наведува дека се уапсени седум малолетни и двајца возрасни тинејџери.
Истражниот судија Умберто Лукарели вели дека осомничените брутално ја искористиле слабоста и возраста на нивните жртви, сигурни дека нема да бидат пријавени поради срамот и заканата од ширење на видеата за силување.