ХОРОР ВО ИТАЛИЈА – Татко и син паднале од шести кат, мажот починал во болница, а детето е тешко повредено и прашувало само едно во болницата
Татко (38 г.) починал, а неговиот 4-годишен син е хоспитализиран откако паднал од тераса на шести кат во зграда во Италија.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот во Палермо во станот во кој живееле таткото, инаку универзитетски професор и неговиот мал син. Професорот починал кратко по пристигнувањето во болница, додека момчето е на интензивна нега. Момчето е свесно и наводно цело време во болница го барал татко си, пренесуваат италијанските медиуми. За трагедијата да е уште поголема, неговата мајка починала пред една година.
Момчето има скршена рака и рани на градниот кош и стомакот и е под опсервација во болница.
Полицијата истражува како дошло до несреќата, не е исклучено самоубиство.
Имено, некои соседи рекле дека таткото се обидел да го спаси синот кој бил наведнат преку балконот и така и двајцата паднале.
Меѓутоа, други велат дека татко и синот се држеле за рака.
Медиумите јавуваат дека професорот наводно бил под притисок за старателство над синот по смртта на сопругата.
Полицијата продолжува да го истражува случајот.