Хорор во Кавадарци: Ќерка со чекан ја убила мајка си

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт за сторено кривично дело „убиство“.

Пријавената на 10 септември годинава во семејниот дом во Кавадарци при семејно насилство се обидела да и’ го одземе животот на нејзината мајка со која живеела во истата куќа. Додека оштетената спиела, таа со чекан ја удрила неколку пати по главата при што и’ нанела тешки телесни повреди. Потоа го фрлила чеканот во дворот.

„Според вештачењето, утврдено е дека обидот за убиство го извршила во услови на значително намалена пресметка предизвикана од психички нарушувања, употреба на дрога и психоактивни супстанци на повеќе нивоа.

Бидејќи правните основи сè уште постојат, јавниот обвинител до Основниот суд Кавадарци поднесе предлог за продолжување на однапред одредената мерка притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.