ХОРОР ВО КАЛИФОРНИЈА – Татко на две мали деца бил застрелан во главата пред очите на ќерките додека кампувале во шатор

Научник по име Тристан Баудет додека спиел покрај своите ќерки во шатор во областа Ентони Рауда во Калифорнија бил застрелан во главата. Полицијата го пронашла осомничениот во областа, по што бил обвинет за убиство од втор степен и му се заканува казна затвор до 40 години.

Во деновите пред злосторството, семејството се подготвувало да се пресели во Калифорнија, додека еден ден пред несреќата, жртвата решила да ги однесе ќерките на кампување за да може неговата сопруга Ерика Ву мирно да се подготви за нејзиниот испит, пишува The Mirror.

Човекот решил ќерките да ги однесе во државниот парк Малибу Крик, рекреативен центар на околу 50 километри од Лос Анџелес.

Човекот лежел покрај својата 2-годишна и 4-годишна ќерка кога непознат маж се приближил до шаторот и го застрелал во главата.

На судењето било откриено дека во последните неколку месеци на исто место се случиле слични инциденти.

Осомничениот е уапсен во близина на паркот носејќи пушка. Тој претходно бил осуден за поседување експлозив и пиштол без дозвола. Во моментот на апсењето за ова дело тој бил на условна казна.