ХОРОР ВО КИНА, ИЗГОРЕ ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА КОМПАНИЈА ЗА КОПАЊЕ НА ЈАГЛЕН: Најмалку 25 лица загинаа, десетици завршија во болница

Најмалку 25 лица загинаа, а неколку десетици се хоспитализирани по пожар во деловна зграда во кинеската провинција Шанкси , на северот на земјата.

Ова утрово го соопштија кинеските државни медиуми.

Пожарот избувнал околу 6:50 часот, по локално време, во четирикатница на компанија за производство на јаглен во градот Лулијанг .

Најмалку 63 лица се евакуирани од запалената зграда, а 51 се хоспитализирани.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.