ХОРОР ВО КИНА – Масакр во детска градинка: Манијак со нож утрово убил шест лица, меѓу кои три деца

Шест лица го загубија животот, а едно е повредено во напад со нож во градинка во кинеската провинција Гуангдонг, објави во понеделникот BBC, повикувајќи се на информации од полицијата.

Полицијата соопшти дека уапсила 25-годишен маж и ги истражува причините за нападот, кој бил „намерен“. Тие велат дека нападот се случил во понеделникот во 07:40 часот по локално време.

Меѓу жртвите има и еден наставник, двајца родители и три деца, пренесе медиумската агенција APF, повикувајќи се на информациите од портпаролка на градските власти.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од местото на нападот на кои се гледаат безживотните тела на деца и возрасни пред градинката. Поради крајно вознемирувачка содржина, нема да ги објавуваме.