Телото на Србинот С.Р.(1973) од Жупче, кој исчезна во петокот, денеска е пронајдено кај Зубин Потол во канал во близина на неговата куќа, изјави заменик-командирот на регионалната полиција Север Ветон Ељшани.
Телото го пронашле нуркачите во каналот Ибар-Лепенац по дводневна потрага. Како што изјави Елшани, телото по наредба на обвинител е испратено на обдукција.
Ељшани претходно рече дека се сомнева дека Србинот С.Р. (1973) од Жупче, кај Зубина Поток, паднал во каналот Ибар-Лепенац, кој се наоѓа во близина на неговата куќа.
Случајот во полициската станица во Зубин Поток во саботата околу 8 часот го пријавил братот на исчезнатиот. Тој рече дека С.Р. излегол од куќата во петокот околу 17:45 часот и не се вратил.
Теренот го пребаруваа припадници на косовска полиција и противпожарна единица, со помош на нуркачи од клубот „Трепча“.