Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината Спутник V против корона вирусот, е пронајден мртов во стан во Москва, јавуваат медиумите.
Андреј Ботиков е еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја.
Тој беше пронајден задавен во неговиот дом во Москва.
Претходно беше потврдено дека некој го нападнал.
Истражниот комитет на Русија започна истрага за неговото убиство.
Од 2014 година, Андреј Ботиков работи во Националниот истражувачки центар Гамалеја. Тој беше во тимот на научници што ја развиваа руската вакцина против корона вирусот.
Неговата смрт дојде само две недели откако рускиот генерал-мајор Владимир Макаров наводно извршил самоубиство откако бил ослободен од должноста.
Од почетокот на војната во Украина, голем број високи руски функционери и олигарси се пронајдени мртви под мистериозни околности.