ХОРОР ВО НИШКА БАЊА – 13-годишно момче во Србија убиено во крвава тепачка со соученик: “Подолго време носи нож со себе…“
Во фатална тепачка што се случила во Србија, на поткровје од куќа во Нишка Бања, загина 13-годишен малолетник, откако врсник го избодел со нож. Се се одвивало во домот на момчето кое е осомничено дека му нанело фатални повреди на училишниот другар, пишува Nova.rs.
Соговорниците на Nova.rs истакнале дека семејството има лош глас и е познато по насилство, а велат дека малолетникот подолго време носел нож со себе.
Инаку, момчињата кои се судриле се школски другари и посетуваат исто одделение. Засега не е познато кој би можел да биде мотивот за фаталниот крај.
Второто момче е пренесено во болница и е во шок, а полицијата ги утврдува сите околности на овој случај.