Хорор во Париз: Маж брутално убил 2 ќерки, лекарите се борат за животот на третото дете, мајката исчезнала без трага

Маж со мароканско потекло уби две ќерки, а третата тешко ја рани во својата куќа во Алфорвил во близина на Париз.

Таткото потоа сам се пријавил во полициската станица во Диепе на брегот на Атлантикот, која се наоѓа на двесте километри оддалеченост од местото на злосторството. Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството и тропнала на вратата, по што останале без зборови од ужасот на кој наишле.

Тие пронашле две тела додека спасувачките екипи се борат за животот на третата ќерка. Жртвите се девојчиња на возраст од 5, 8 и 11 години. Телото на едно од девојчињата било на каучот, додека две тела биле доле на под. Тие се убиени со нож.

Според првите елементи на истрагата, убиецот, 41-годишен Мароканец, пред две години бил осуден за семејно насилство и му било забрането да се приближува до сопругата и децата. Неговата забрана неодамна истече, па му е дозволено да се грижи за децата алтернативно со поранешната сопруга.

По 36-годишната мајка на убиените девојчиња, која исто така живее во истиот регион, полицијата интензивно трага. Се сомнева дека и таа го доживеала истото.