Се одржа Манифестацијата ,,Жуборења од Радика 2023″ (фото/видео)

Вчера, во село Ростуше, Општина Маврово и Ростуше, во Центарот за култура се одржа Манифестацијата ,,Жуборења од Радика 2023″.

Организатор на оваа Манифестација е Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај – Рекански Порои а главни покровители беа Општина Маврово и Ростуше и Euro Edil Holding.

На литературниот конкурс распишан во август ученици и ментори од цела држава испраќаа литературни творби а стручното жири ги награди со трета, втора, прва награда, Гран При и главна награда Рекански порој.

Од сите литературни творби беше испечатена една заедничка збирка ,,Жуборења од Радика 2023″.

Уредник на оваа збирка беше м-р Даринка Веслиевска, рецезенти беа професорите по македонски јазик Илина Ѓурковиќ и Влатко Стојковски а одговорен за дизајнот на корицата беше Денил Беќири.

На настанот присуствуваа ученици и ментори од најразлични училишта ширум државата, претставници на Општина Маврово и Ростуше, Бигорскиот манастир и многу други.

Учениците од ОУ ,,Јосип Броз Тито” – с. Жировница, ОУ ,,Хајан Селмани” – Ростуше, ОУ ,,Даме Груев” – с. Ерџелија, Свети Николе и танчерката Стефанија Веслиевска имаа свои музички точки и ја забавуваа публикатаа.

На настанот свое обраќање имаа претседателот на Рекански Порои, Рамазан Раманоски како и рецезезентите на книгата. Исто така, беа доделени и наградите за освоените места.

Најдобриот писател за деца и млади во Македонија, Горјан Петресвки, беше прогласен и доби Оскар за најдобар писател.

Главната награда Рекански Порој ја освои Розе Постоловска под менторство на Дивна Поповска.

,,Радува фактот што организираме една Манифестација за која интересот е cè поголем и поголем. Организираме настан кој има цел да го зајакне мулти – етничкиот и мулти – културалниот дијалог во Македонија воопшто. И успеваме во тоа. Вчера, на настанот присуствува ученици и наставници од цела држава, претставници на различни верски заедници, родители, деца, љубеници на пишаниот збор. Веќе се чувствува дека ,,Жуборења од Радика” е настан кој е синоним за реканскиот крај. Убаво е кака ќе се види толкава толпа на народ собрани за една цел. Блаодарност до сите оние кои на било каков начин помогнаа да се реализира овој проект. Од оваа гледна точка можеме само да ветиме дека напорно ќе работиме за Манифестацијата и целата таа замисла околу ,,Жуборења од Радика” да ја кренеме на уште повисоко ниво”, изјави профрсор Рамазан Раманоски, организатор и претседател на Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај – Рекански Порои.